Од утре велешани ќе се вакцинираат во својот град

Од утре (среда) велешани ќе се вакцинираат во својот град. Количините на вакцини веќе се пристигнати во Здравствениот дом во Велес, во чија зграда ќе се врши имунизацијата. Таа ќе се одвива на вториот кат, во ординациите на ушното одделение.

Zito akcija 640x289px

Информацијата ја потврди и директорот на Здравствен дом Велес Николче Димовски. Тој рече дека освен во работни денови, вакцинација ќе има и во саботите.

Agria

„Дозите на вакцини се веќе пристигнати, просторот е подготвен и од утре продолжува вакцинација во Велес. Тука ќе се вакцинираат оние велешани од повозрасната генерација, кои закажуваат термини преку матичните лекари и преку веб апликацијата vakcinacija.mk“, рече директорот Димовски.

Граѓаните на Велес кои веќе добиле термин за вакцинација во Кавадарци, треба да го почитуваат и таму да се вакцинираат. Денеска во земјава почна масовната имунизација против ковид-19, откако минатата недела пристигнаа 200 илјади дози кинески вакцини. Вакцинацијата се одвива во Скопје и во шест други реонски пунктови во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола. Повозрасните велешани денеска се вакцинираа во пунктот во спортската сала Јасмин во Кавадарци.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/20477/vo-kovid-statistikata-registrirani-trojcza-pochinati-veleshani/