Повторно троцифрена бројка на заразени од ковид 19 во земјава. Министерството за здравство во последните 24 часа регистрираше се 152 нови случаи .
Скопје има 39 позитивни случаи на коронавирус, а со двоцифрена бројка се уште Штип со 14, Куманово 20, Струга 13, Гостивар 15. Следуваат Тетово со девет, Дебар со осум, Битола и Кавадарци по пет, Струмица четири, по три случаи има во Охрид, Гевгелија, и Делчево. Два случаи на коронавирус има во Демир Хисар, Македонски Брод и Кичево, а по еден случај има во Прилеп, Кочани, Радовиш, Свети Николе и Кратово.
Нема починати пациенти, Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10086, бројката на оздравени пациенти е 5427, на починати е 460, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4199.
Можеби ќе ве интересира: