Падна Владата на Дритан Абазовиќ

Dritan Abazovik
Dritan Abazovik

Пратениците на Собранието на Црна Гора на вонредна седница синоќа го изгласаа предлогот за недоверба на Владата предводена од Дритан Абазовиќ, по поднесената иницијатива од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ.

Zito akcija 640x289px

Гласале 51 пратеник, од кои 50 биле за пад на владата, а еден против.

Agria

Покрај подносителите на барањето за недоверба (ДПС, СД, СДП, ЛП, ДУА), за пад на Владата гласаа и пратениците на Демократската партија, Босанската партија.

Владата на Абазовиќ ќе биде во технички мандат до избор на нов кабинет или до нови парламентарни избори.

Владата на Абазовиќ беше избрана на 28 април, а заедно со неговото движење УРА и просрпската СНП, во неа влегоа СДП и малцинските партии на Хрватите, Бошњаците и Албанците, додека претставниците на ДПС на Ѓукановиќ ја поддржаа, но не учествуваа во неа.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: