Паушални се обвинувањата на внуката на 79-годишниот велешанец кој вчера почина, велат од велешката болница – таа денеска не сака да коментира

bolnica veles

Велешката болница ги демантира обвинувањата на внуката на 79-годишниот велешанец кој почина вчера, дека тој немал претходни заболувања и дека не страдал од хиперетензија и дијабетес. Од болницата велат дека за историјата на болести на починатиот имаат документација, од коja може да се утврди дека тој неколку години се лекувал од срцева слабост, висок крвен притисок и хронично белодробно заболување.

Zito akcija 640x289px

Додека бил хоспитализиран на интерното, а подоцна и на инфективното одделение во велешката болница, пациентот имал покачен шеќер во крвта, велат од велешката болница. Откако лекар од итната медицинска помош го прегледал, утврдил дека пациентот неколку денови наназад бил со симптоми на кашлица, отежнато дишење, замор, слабост и малаксаност, а имал и покачена температура и пролив. Веднаш потоа бил транспортиран во болница, а поради исполнетоста на инфективното одделение, бил хоспитализиран на интерно, со симптоми на ковид-19.

Agria

Од болницата најостро ги демантираат наводите на неговата внука, која вчера изјави дека нејзиниот дедо не боледувал од дијабетес и немал хипертензија, односно висок притисок. Таа вчера го тврдеше ова:

„Починатиот 79-годишен пациент е мој дедо. Тој беше хоспитализиран после три дена боледување во домашни услови, со симптоми за мозочен удар, бидејќи беше неподвижен и дезориентиран. Од болницата не сакаа да го примат без тест за ковид-19, па откако му се влоши состојбата повикавме брза помош, која го транспортираше до болница. Го сместија на интерно одделение, во соба со двајца пациенти заразени со ковид-19. Откако по три дена тестот му излезе позитивен, примал тарапија за ковид, а не бил ниту снимен. Вчера го префрлиле на „заразно“, при што му го изгубиле апаратчето за слух и мобилниот телефон“, рече вчера внуката Габриела Петрушевска во изјава за Батали.нет, а сличен коментар напиша и на фан страницата на Батали.нет.

Контактиравме со Петрушевска, на која и ги предочивме информациите кои ги добивме од болницата во врска со претходната здравствена состојба на нејзиниот дедо и ја прашавме дали и покрај тоа, останува на вчерашното тврдење. Денеска таа рече дека не сака да коментира.

Од велешката болница апелираат до граѓаните да се воздржат од паушални коментари на социјалните мрежи и во медиумите, за да не создаваат дополнителен притисок врз работата на здравствените работници во овие тешки моменти пред кои се исправени, во борбата со ковид-19.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/15309/novi-48-sluchai-na-kovid-19-vo-veles-eden-paczient-pochina/