На само неколку часа од одржување на концерт на македонска пејачка ѕвезда во Велес, пазарната инспекција го спречила организаторот во намерата да пушти публика од две илјади луѓе. Инспекцијата добила пријава, по која попладнето, на денот на концертот инспектори излегле на терен, на местото на концертот, рече Стојко Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат.
„Имавме пријава дека во Велес ќе се организира концерт на наш познат пејач со публика од две илјади луѓе. Попладнето отидовме на местото на концертот, па организаторот немаше друг излез, мораше да прими само 400 гости и за сите беа поставени столчиња со одалеченост од 1,5 метар“, додава Пауновски.
Пред десетина дена Државнито пазарнен инспекторат соопшти дека казнила ресторан во Велес кој работи под правното лице „Ве ве Тивес“. На сопственикот му се заканува кривична пријава и казна од 5.200 евра или една година затвор, бидејќи пред две недели, пазарните инспектори фатиле веселба со многу луѓе.
Фото: архива
Можеби ќе ве интересира: