Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска во 11.30 часот ќе и се обрати на јавноста за актуелните случувања во земјава.
Се очекува Претседателот да зборува за вонредната состојба која истекува утре, за ситуацијата со коронавирусот и за тоа дали евентуално ќе има лидерска средба.
Вчера на социјалните мрежи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го прозва Пендаровски и го праша „дали се слушаме“, споделувајќи ги последните статистики за заразени со Ковид-19.
Од друга страна, лидерот на СДСМ Зоран Заев и неколку владинини фунционери изминативе денови излегоа со став дека веќе нема потреба од продолжување на вонредната состојба. А ако нема, според власта, тогаш на 5 јули би требало да се случат предвремените парламентарни избори.
Претседателот на државата до сега почнувајќи од 18 март, донесе четири одлуки за вонредна состојба.
Можеби ќе ве интересира: