Победа на младите одбојкари на Балканското првенство

Mladinska odbojkarska reprezentacija na Makedonija
Mladinska odbojkarska reprezentacija na Makedonija

Македонската репрезентација за одбојкари до 20 години ја оствари првта победа на Балканијадата, која се одржува во Приштина. Совладан е домаќинот Косово со 3:1 (25:22, 21:25, 28:26, 25:23), а во почетниот состав беше и либерото на велешки Борец, Бојан Џамбазов.

Zito akcija 640x289px

Избраниците на селекторот Ванче Санев го издржаа притисокот во клучните моменти, направија предност на позиција среден блокер на којашто разлика направи Филип Савовски поддржан од Филип Лепидовски, ја потврдија фаворитската улога, а со тоа останаа во трка за високпласман на турнирот.

Agria

Покрај центрите, во почетниот состав беа техничарот Давид Стојанов, коректорот Стојче Арсов, примачите Лука Костиќ и Блертон Бафтијари, а либеро играше Бојан Џамбазов. Во текот на натпреварот влегоа Тино Шулајковски, Ангел Бошков и Никола Младеновски.

Немаше изненадувања ниту во преостанатите средби на првиот ден од Балканијадата, па Турција во четири сета славеше над Црна Гора, а нашиот денешен противник Бугарија во три сета беше убедлива против Албанија. Тоа значи дека досегашните мечеви го потврдија реномето на репрезентациите, па доколку го добиеме денешниот дуел со Бугарија, тогаш медал ќе биде речиси завршена работа за црвено-жолтите.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: