Од вечерва по полноќ нема да се менуваат цените на бензинот, на дизел горивото и на нафтата за домаќинствата. Како што соопшти Регулаторната комисија за енергетика, ќе се намали цената на мазутот.
Содржината продолжува под рекламата
Според новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, мазутот ќе се продава по цена од 44,996 ден/кг. Малопродажните цени на Еуросупер БС-95, на Еуросупер БС-98, на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство остануваат исти.
Содржината продолжува под рекламата
Еуросупер БС – 95 ќе се продава по цена од 81 денари за литар, Еуросупер БС-98 по цена од 83 денари за литар, дизелот по цена од 80,5 денари за литар, а нафтата за домаќинствата по цена од 80 денари за литар.
Можеби ќе ве интересира: