Бразилската фудбалска легенда, Дани Алвеш е приведен во Барселона поради обвинување за сексуален напад на една девојка на крајот на минатата календарска година.
Алвеш сам се пријавил во полиција, но потоа со возило бил однесен пред судија што го истражува случајот. Се работи за настан што се случил на 30 декември 2022 година и тоа во ноќен клуб, односно Дани е обвинет дека допирал неименувана девојка под нејзината долна облека без нејзина согланост.
Девојката ова го пријавила кај обезбедувањето на клубот кое по пропишаните протоколи го префрлило случајот во полиција.
Останува да се види дали судијата ќе го задржи Бразилецот во притвор или ќе ги отфрли обвиненијата. Алвеш и неговите застапници негираа дека ваквко нешто се случило во клубот клубот Сатон.
Можеби ќе ве интересира: