Кеги Моби го забележа и четвртиот пораз во првенството. На гостувањето во Чаир кај актуелниот шампион на Македонија, екипата на Шкупи, велешани загубија со 6:3.
Јунак на натпреварот беше Исмет Цека кој постигна четири од шест гола на тимот, а Бурак Мемеди и Артан Јунузи постигнаа по еден погодок. За Кеги Моби стрелаа Филип Крстевски, Димче Ѓуров и Адил Адиловиќ.
Содржината продолжува под рекламата
По првиот круг на натпреварувањето Кеги Моби се наоѓа на четвртата позиција со 13 освоени бода. Следуваат две гостувања, најпрво кај Железарец, а потоа и во Струга кај екипата на Енхалон.
Можеби ќе ве интересира: