Поројниот дожд кој утрово десетина минути паѓаше во Велес, поплави неколку куќи на улица Орце Мартинов, која се протега од новиот театар , по патот за болница, кон високите делови на градот. Жителите на оваа улица раскажуваат дека се се случило за неколку минути, кога се создала силна поројница, која ги откорнала и коцките од улицата, кои пак завршија на главната улица.
Содржината продолжува под фотогалеријата
Жителите велат дека неодамна била променета старата водоводна мрежа со нова, но не знаат дали тоа има некаква врска со нивните поплавени домови. Дел од граѓаните кои се обратија до нашата редакција велат дека се обратиле до неколку институции за помош, но сите кревале раменици.
Содржината продолжува под рекламата
Невремето кое утрово околу 10 часот го зафати Велес, беше проследено со пороен дожд и урагански ветер, кој корнеше дрвја и носеше покриви на куќи. Во паркот во дворот на Гимназијата Кочо Рацин паднаа две дрвја, од кои едното буквално е откорнато од земја.
Содржината продолжува под рекламата
На паркингот пред брза помош дрво падна врз автомобил, а кај интернатот, ветерот сруши огромно дрво, кое оштети два автомобили а ги штети направи и на ролетните на прозорците. Силниот ветер урна дрво и во близина на салата Парк спорт, кое со себе повлече и бандера. Дел од граѓаните се жалат дека немаат струја и интернет. Екипи на ЕВН, Дервен и телекомуникациските оператори се секаде на терен низ градот и ги чистат улиците и ги отсрануваат дефектите.
Можеби ќе ве интересира: