Возач на мопед е повреден откако вчеравечер со својот мопед излетал од патот на улица Вардарска. Возачот на мопедот поминал со тешки телесни повреди, Повредениoт бил примен во велешката болница
Лице на 78 годишна возраст, повредено при пад од мотор, се здобило со фрактура на лицеви коски и десна потколеница, пациентот е задржан на болничко лекување,рече др. Елеонора Јованова, портпарол на велешката болница.
Полицијата го потврди инцидентот.
На 02.08.2021 околу 19.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Вардарска“ во Велес, мопед „апн 4“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Ѓ.Р.(78) од Велес, излетал од коловозот. Во незгодата, Ѓ.Р. се здобил
со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес.
Полицијата изврши увид на местото на несреќата, по што треба да бидат познати причините за инцидентот.
Можеби ќе ве интересира: