Шпанскиот фудбал продолжуваат да го тресат скандали со информации за начините на кои гигантите Барселона и Реал Мадрид се обидувале да влијаат врз судиите. По „случајот Негреира“ и официјалното обвинение против Барселона од страна на обвинителството, синоќа друг поранешен судија проговори за ситуација од сезоната 2010/11 кога претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез се обиде да влијае врз него.
Следуваше нов прилог во кој ТВ Реал Мадрид прикажа дел од грешките на Гонзалес на натпреварите на „кралевите“ и објави дека тој сега ја симнал маската и отворено го напаѓа клубот во медиумите. Ова за возврат го натера Итуралде Гонзалес да раскаже инцидент по натпреварот меѓу Реал Мадрид и Депортиво Ла Коруња во сезоната 2010/11, кога „кралевите“ победија со 6-1.
„Оваа телевизија функционира на таков начин. Ако се новинари, дали треба да истражат кој ме повикал во посебна просторија? Проучете малку и потоа ќе видите како одредени луѓе се обидуваат да вршат притисок. По победата од 6-1 против Депортиво, натпреварот завршува, го напуштаме теренот и се збогувам со моите помошници. Има човек кој ме носи во соба и ми вели
„Сакам само да ми судиш како на Барса“. Овој човек е од Реал Мадрид. Го прашав дали се шегува и му кажав дека повикот е завршен. Сакаше да ме заклучи сам во собата. После половина час Техничкиот комитет на судиите веќе знаеше за ова. Им обрнав внимание затоа што ми изгледаше сериозно. Ништо не се случи. Бидејќи луѓето од Реал ТВ се добри новинари, нека истражуваат. Ќе им олеснам – да почнат од врвот. Ова никогаш повеќе не ми се случило. Фактите се важни. Оној кој ме внесе во собата беше Флорентино Перез. Не морам да се кријам. Има извештај. Сега можат да видат што значи притисок“, рече Едуардо Итуралдес Гонзалес, кој сега се појавува и како аналитичар во ‘Кадена СЕР’.
Можеби ќе ве интересаира: