Познат лек спасува животи на заболени од коронавирус

dexamethasone
dexamethasone

Лекот дексаметазон може да помогне да се спасат животите на пациентите кои се сериозно болни од коронавирусот, се наведува во најновата студија на научниците од универзитетот Оксфод.

Zito akcija 640x289px

Според нив, лекувањето со мала доза на стероидот покажува добри резултати во борбата против смртоносниот вирус. Тој го намалил ризикот од смрт кај третина од пациентите на респиратори, а кај оние на кислородна поддршка, ги намалил смртните случаи за една петтина. 

Agria

„Ова досега е единствениот лек што се покажа дека ја намалува. Тоа е огромен напредок. Третманот трае 10 дена и чини 5 фунти по пациент. Ова е лек кој е глобално достапен“, изјави за британските медиуми шефот на истражувачкиот тим, професорот Питер Хорби.

Peter Horby
Питер Хорби – шефот на истражувачкиот тим на универзитетот Оксфорд

Истражувачите проценуваат дека ако лекот почнал да се употребува во Велика Британија од почетокот на пандемијата, можеле да се спасат до 5.000 животи. А како што велат истражувачите, со оглед на тоа што е евтин, може да биде од голема корист во сиромашните земји кои се борат со голем број на пациенти со Ковид-19.

Лекот веќе се користи за да се намали воспаление кај низа други состојби, а според експертите се чини дека помага за да се запрат дел од оштетувањата што можат да се појават кога имунолошкиот систем на организмот претерано реагира додека се обидува да се бори против коронавирусот.

Извор: www.24.mk

Поврзани вести:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: