
Премиерот Зоран Заев, на покана на германската канцеларка Ангела Меркел, денеска ќе предводи владина делегација во еднодневна работна посета на Тирана.
Во Тирана, македонската делегацијат ќе учествува на работната средба на канцеларка Меркел со лидерите на земјите од Западен Балкан, информираат од владината прес-служба.
Согласно агендата, премиерот Заев, заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе имаат билатерална средба со канцеларката Меркел.
Во рамките на оваа работна посета, премиерот Заев ќе го посети и Македонскиот културен центар во Тирана.
Можеби ќе ве интересира:
