Претседателот Доналд Трамп го помилува својот поранешен висок советник за безбедност Мајкл Флин

Donald Tramp i Flin

Претседател на Америка во заминување Доналд Трамп го одобри помилувањето на неговиот поранешен советник за национална безбедност, генерал Мајкл Флин, што медиумите го толкуваат како негов последен потег во претседателскиот мандат.

Zito akcija 640x289px

„Голема чест ми е да го објавам целосното помилување на генерал Мајкл Т. Флин”, напиша американскиот претседател во заминување на Твитер. Сигурен е дека „Флин со семејството сега ќе прослави фантастичен Ден на благодарноста”, дополни Доналд Трамп.

Agria

Во декември 2016 година, во периодот помеѓу победата на Трамп на претседателските избори и стапувањето на функцијата, Флин разговарал со тогашниот руски амбасадор во САД околу санкциите против Русија. Поради тоа, во февруари 2017 година, поднесе оставка по само 24 дена како советник за национална безбедност.

Претходно, американскиот претседател го помилува Роџер Стоун, неговиот долгогодишен близок соработник, само неколку дена пред Стоун да се јави за издржување на затворската казна.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/15979/pochina-diego-armando-maradona-mozhebi-najgolemiot-fudbaler-na-site-vremina/