Притвор за велешанец заради обид за убиство на 15 години помладата сопруга

semejno nasilstvo
semejno nasilstvo

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Велес на возраст од 73 години за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

Zito akcija 640x289px

Имено, на 13.11.2021 година околу 19.45 часот, осомничениот при вршење семејно насилство, се обидел да ја лиши од живот сопругата која е на возраст од 58 години. Тој започнал вербална расправија со оштетената, бидејќи таа била на вториот кат од нивната семејна куќа каде живее нивниот син со семејството, за да помогне околу болно внуче. Осомничениот од под перницата од креветот каде што спие, извадил два големи ножа со сечива од 17 см и 19 см. Држејќи ги ножевите во двете раце, тој замавнал кон оштетената во пределот на главата, заканувајќи и се дека ќе ја заколе. Оштетената почнала да го повикува синот, по што тој дошол, го удрил осомничениот и успеал да му ги одземе ножевите.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Бидејќи постојат опасности дека доколку биде на слобода, осомничениот може да се даде во бегство и да го доврши кривичното дело, јавниот обвинител од велешкото обвинителство до судијата на претходна постапка при Основен суд Велес достави предлог за притвор за осомниченото лице. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: