Грција прогласи тридневна жалост по најтешката железничка несреќа во последните децении во која загинаа најмалку 43 лица, а 130 беа повредени кога патнички воз на линијата Атина-Солун се судри со товарен воз во близина на градот Лариса.
Несреќата била предизвикана од „трагична човечка грешка“, соопштија официјални лица.
Грчките железничари објавија 24-часовен штрајк и сите возови во Грција денеска ќе застанат, а Панхеленската федерација на железничарите (ПОС) во соопштение соопшти дека нивните многубројни барања за постојан персонал, подобра обука и модерна безбедносна технологија се игнорирани.
Денеска е ден за размислување и преиспитување, соопштија од синдикалната федерација изразувајќи жалење за жртвите во несреќата.
Поради трагичната железничка несреќа и денеска нема да работи атинското метро.
Спасувачите во меѓувреме користат кранови и друга тешка механизација за да преместат големи делови од возот.
„Малку е веројатно дека ќе има преживеани, но надежта умира последна“, изјави спасувачот Никос Зигурис за локалните медиуми,пренесе Денес.рс.
Можеби ќе ве интересира: