Променливо облачно и нестабилно време со повремен пороен дожд и грмежи прогнозираат синоптичарите за денешниот ден. На повеќе места, како што се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд и град, грмежи и ветер со брзина од над 60 километри на час.
Текстот продолжува под рекламата
Утринската температура ќе биде од 14 до 23 Целзиусови степени, а во текот на денот од 20 до 34 степени. УВ-индексот ќе биде 6.
Текстот продолжува под рекламата
Во Велес, времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината се очекува да има невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град. Наутро температурата ќе биде 17, а во текот на денот до 34 степени.
Можеби ќе ве интересира: