Првото бебе во 2024 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.00 часот. Породувањето било извршено по природен пат.
Бебето е од машки пол, тешко е 3760 грама, долго е 52 сантиметар и е родено со Апгар 10/10.
Дежурната екипа на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство на чело со проф. д-р Горан Димитров ја породи 34-годишната родилка Наташа Стефковска од Скопје.
Батали. Нет им посакува да се здрави и среќни заедно со нивните родители и блиски.
Можеби ќе ве интересира: