Пуштен од болница велешанецот кој имаше делта сој на вирусот

kovid bolnica
kovid bolnica

Пациентот кај кој беше регистриран делта сој на коронавирусот, од денес е дома. Тој беше хоспитализиран на инфективното одделение во велешката болница. Од таму денес соопштија дека пациентот го победил вирусот и дека е пуштен од болница.

Zito akcija 640x289px

“Кај пациентот кај кој беше детектиран делта сој, во текот  на вчерашниот ден земен е контролен брис, истиот е негативен и е испишан од болничко лекување. Во моментов на Инфективно одделение нема потврдени ковид пациенти, ниту суспектни, соопштија од велешката болница“, рече др. Елеонора Јованова, портпарол на Општа болница Велес.

Agria

Инаку денес е потврден и втор случај на делта сој во Велес.

“Пациентот е во болница. Денеска ќе бидат готови резултатите за уште четворица други пациенти. Сите четворица се лекуваат овде во Скопје, а еден од нив е со потешка клиничка слика и е на респиратор, другите се со стабилна состојба”, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: