
Младите ракометари на Борец остварија важна победа во прволигашкиот плеј-аут над составот на Македонија Ѓорче Петров со 27-26, откако направи херојски пресврт во финишот.
Домашните отворија со предност, 5-2, но гостите со серија од седум погодоци направија пресврт и поведоа со 5-9. Имаше Македонија ЃП и плус пет, 9-14, но до паузата Борец намали на 12-14.

Во второто полувреме гостите водеа со 14-20, а во последните десетина минути се влезе со резултат 21-26. И тогаш гостите застанаа, а Борец заигра одлична одбрана.
Избраниците на Васко Василев погодија дури шест пати, а голманот Андовски бранеше се што шутнаа гостите, па славеа триумф и освоија важни бодови во битката за опстанок. Каква борба имаше во финишот покажуваат и трите исклучувања на двете страни.
Најдобри стрелци кај Борец беа Атанасовски и Мачавелов со по пет погодоци, додека кај Македонија ЃП се истакнаа Неделковски со шест и Никодиновски со пет гола.
Целиот натпревар можете да го погледенете овде:
https://www.facebook.com/batali.net/videos/518072282522317
Можеби ќе ве интересира: