Заканувајќи се со пиштол кон продавачките, разбојник вечерва ограбил супермаркет кој се наоѓа во близина на театарот во Велес. Грабежот се случил околу 22 часот, кога разбојникот влегол во продавницата и вперил пиштол кон вработените.
Разбојникот, кој бил сам, влегол точно пред затворањето на супермаркетот и го украл целиот промет, но за среќа, никој од вработените не е повреден. Полицијата трага по разбојникот.
Содржината продолжува под рекламата
Повеќе детали за разбојништвото се очекуваат утре.
Можеби ќе ве интересира: