Денес се регистрирани рекорден број на починати за 24 часа, дури 21 лице ја изгуби битката со Ковид 19. Претходно известивме дека две лица од Велес починаа на инфектиното одделение од коронавирус. Вкупниот број на починати во Велес и велешко е 32.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 565 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-230, Куманово-35, Штип-13, Прилеп-65, Тетово-39, Струга-1, Велес-27, Битола-15, Охрид-3, Кавадарци-10, Гостивар-27, Гевгелија-13, Струмица-17, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Крушево-3, Кочани-15, Пробиштип-3, Берово-5, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Кратово-6, Свети Николе-4, Кичево-3, Ресен-1, Неготино-9.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти, починати се 21 лице, 6 пациенти од Скопје (45,52, 63, 67, 68 и 84г), пет пациенти од Тетово (69, 73, 75, 69 и 83г), еден од Куманово (74г), двајца пациенти од Велес (83 и 89г), двајца од Богданци (75 и 85г) и по еден пациент од Битола (79г), Радовиш (71г), Прилеп (61г), Охрид (51г) и Штип (63г). Освен еден пациент кој е починат вон, сите други се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 32997, бројката на оздравени пациенти е 21244, на починати е 1025, а бројот на активни случаи изнесува 10728.
Можеби ќе ве интересира: