РКЕ денеска треба да ја соопшти одлуката за новата цена што ќе стартува од 1 јануари

broilo-struja
broilo-struja

Помалите потрошувачи од 1 јануари ќе плаќаат поевтина струја.

Zito akcija 640x289px

Според информациите на ДВ, се планира намалување од 5 проценти на електричната енергија за корисниците во првиот блок.

Agria

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) откако во понеделникот (25.12) детално ја скенираше пресметката што универзалниот снабдувач ја достави на проверка, денеска треба да ја соопшти одлуката за новата цена што ќе стартува од 1 јануари. 

Иако согласно добиените барања од компаниите, зголемувањето на цената на струјата би било за 27 проценти, од РКЕ се децидни дека новиот модел за пристап на мрежа со кој се распределува фер трошокот од потрошувачите кои редовно користат струја со оние кои повремено ги користат објектите, се очекува да донесат пониски сметки во 2024 година. 

танува збор за нова ставка која што беше најавена неодамна. Сопственици на викендички, напуштени куќи во планинските и руралните делови на земјата, имоти на лица кои со години се во странство, во иднина на сметките за струја ќе плаќаат фиксен надоместок наречен „пристап до мрежа“. Иако станува збор за објекти во кои сопствениците можеби доаѓаат ретко – ваквиот „луксуз“ е мора да се плаќа, бидејќи одржувањето на мрежата е многу скапо. Надлежните велат дека целта е со креативни решенија да се заштити редовниот потрошувач. На тој начин најголем број потрошувачи ќе добијат пониски сметки за мрежарина, додека оние кои користат викендички ќе плаќаат за пристап до мрежа.

Кон овој тренд на паѓање на цените влијае и дневната евтина тарифа која што стапи на сила од 1 декември, а во наредниот период треба да биде достапна за сите корисници.  

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 100 отсто од потрошената струја била од домашно производство, додека 99.4 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Слободен печат најавува дека ќе продолжат мерките за субвенционирање на цена на електрична енергија, за 611.000 домаќинства во државата и за 70.000 мали и средни претпријатија кои вработуваат 98% од вработените за субвенционирање на цената на електрична енергија.

„Секој на својата сметка која што ја добива од ЕВН може да види дека цената на електрична енергија е субвенципонирана и до 90% што значи дека нашите граѓани плаќаат двојно помала цена на електрична енергија од тоа што би ја платиле доколку е пазарна цена што во Западна Европа и така плаќаат“, вели премиерот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: