Само што го направил првиот чекор на слобода Акиф Равманоски помилуваниот припадник на нарко кланот Барон повторно добил лисици на раце. Излегол од Идризово со документот дека е помилуван од претседателката за казната за оружје но сега му се заканува враќање зад решети во Шутка затоа што обвинителството бара притвор поради истрага за убиство во обид . Осомничен е дека пред 10 дена во Чаир тој го застрелал во нога роднината на, како што обелодени Телма, Исмаил Рогачи кој се бара со меѓународна потерница, кој е дел од кланот Грчец. Тогаш осуденикот Равмановски излегувал од затворот со дозвола за работен ангажман. Покрај за ова дело осомничен е и за учество во тепачка.
„Вештачењата за присуство на барутни честички кои беа извршени по наредба на јавниот обвинител ги потврдија првичните сознанија дека сега осомничениот со огнено оружје – пиштол испукал неколку истрели во правец на оштетениот со умисла да го лиши од живот и му нанел прострелна рана во пределот на ногата“, стои во соопштението на ОЈО Скопје
Помилувањето на Равманоски но и неговото јавно заблагодарување на социјалните мрежи до прететседателката ги зовре страстите во јавноста. Тој бил осуден на 1 година и 3 месеци затвор а со помилувањето казната му беше заменета со условна.
Опозициските партии денеска бараа одговор од министерството за правда какво мислење дало . Од таму денеска не се огласија но телма вчера објави неофицијално дека не дало препораки зап помилување.
Од СДСМ бараат да претседателката да ја повлече скандалозната одлука и да не ја префрла одговорноста на советодавната комисија за помилување формирана од неа.
„Овие помилувања го разоткрија тесниот сојуз меѓу ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и подземјето. Силјановска нема срам што криминалците ѝ се заблагодаруваат јавно, затоа што ова е само исплата на долгови што власта ги има кон нив. Со злоупотреба на функцијата на претседателката, оваа влада на ДПМНЕ ги става интересите на криминалците пред интересите на граѓаните“, рече Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ
Равмановски е втор припадник на нарко-кланот Барон помилуван оваа година. Во март тогашниот претседател Стево Пендаровски за шест месеци му ја скрати казната на Бедри Зеќири.
Билал Касами исклучува политчко влијание од владеачката коалиција врз одлуката да биде помилуван Равмановски. Според него битна е комсијата која дала препорака на претседателката.
Силјановска Давкова вчера рече дека Комисијата за помилување се водела од конкретните дела за кои биле осудени помилуваните , а таа иако го има последниот збор го прифатила нивното мислење, без да има предвиде дека тие биле интересни во негативна смисла
Меѓу помилуваните кои паднаа во очи на јавноста е Шенол Маслани од Арачиново, брат на познатиот Шенки Версаче. Затворската казна од 6 месеци му е заменета со условно но и поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески кој доби намалување од 1 година.
ИЗВОР НА ВЕСТА: ТВ ТЕЛМА