Сообраќајна незгода се случи утринава на патот Штип-Радовиш, кај местото викано „Осми километар“, во која учествувале автобус и комбе. Според првичните информации станува збор за автобус во кој се превезувале припадници на Армијата, кои со автобусот од своите градови патувале на работните места во Скопје.
Во тек е увидот на местото на несреќата од страна на екипите на полицијата, а несреќата се случила пред седум часот. Надлежните повеќе детали ќе соопштат во текот на денот.
Можеби ќе ве интересира: