Селекторот Лазаров го објави списокот на ракометари за претстојните натпревари

RAKOMETNA REPREZENTACIJA NA MAKEDONIJHA

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров денес го објави списокот на ракометари за претстојните натпревари против репрезентацијата на Португалија во рамки на квалификациите за Европското првенство 2024.

Zito akcija 640x289px

На списокот на Лазаров се наоѓаат:
голман: Никола Митревски, Мартин Томовски и Марко Кизиќ
десен бек: Томислав Јагуриноски, Мартин Серафимов и Мартин Велковски
пивот: Жарко Пешевски, Костадин Петров и Марко Стојановиќ
лево крило: Петар Атанасијевиќ и Цветан Кузмановски
десно крило: Ненад Костески и Ален Ќосевски
среден бек: Игор Ѓоргиев, Марио Танкоски, Марко Митев
лев бек: Филип Талески, Филип Кузмановски, Иван онов и Павле Атанасијевиќ
дефанзивци: Никола Марковски и Михајло Младеновиќ.

Agria

Македонската репрезентација игра во Групата – 1 заедно со репрезентациите на Португалија, Турција и Луксембург во квалификациите за пласман на Европското Првенство 2024 кое ќе се одржи во период од 10 – 28 јануари 2024 година во Германија.

Средбите со Португалија ќе се играат на 9 март во Скопје и на 12 март во Порто.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/36542/video-angel-miczevski-skakar-legenda-na-veleshkoto-borene/