Кавадарци е потресен од ужасно злосторство – 43-годишниот С.И. е пријавен за убиство на својот роден брат И.И. (42), откако во семејниот дом му нанел смртоносни удари со метален предмет, а потоа телото го закопал во помошен објект во дворот.
Трагедијата излегла на виделина на 5 август, кога нивната сестра прво го пријавила братот за исчезнат, а потоа заедно со сопругот забележала свеж ископ покриен со земја. Веднаш била повикана полицијата и на местото пристигнале јавен обвинител и форензичари од Институтот за судска медицина – Скопје. По откопувањето на теренот, било пронајдено телото на починатиот брат, кое е испратено на обдукција.
Само неколку часа подоцна, полицијата го привела С.И., кој при службениот разговор во Основното јавно обвинителство Кавадарци го признал делото.
Против него е поднесена кривична пријава за „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик, а истрагата продолжува за утврдување на сите околности и мотиви зад ова тешко семејно злосторство.