„Систина“ контра синот на Амди Бајрам: Позитивен е на Ковид 19 и никогаш не сме му кажале дека е негативен

elvis bajram

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ тврди дека синот на Амди Бајрам, Габриел, дошол да се тестира во лабораторијата на болницата на 26 октомври и добил позитивен резултат на тестот направен со ПЦР метода, пренесува порталот slobodenpecat.mk

Zito akcija 640x289px

„Со оглед на тоа што резултатот од молекуларниот тест бил позитивен, освен на лицето, известување за тоа е испратено и до Институтот за јавно здравје што е задолжителна обврска. Во целост ги отфрламе и тврдењата дека нашата болница го информирала лицето дека има негативен резултат на ПЦР молекуларна детекција на вирусот Сарс Ков 2“, велат од болницата.

Agria

Претходно, Бајрамови за ,,Фокус” изјавиле дека Габриел Бајрам прво добил информација од Систина дека е негативен на коронавирусот, за потоа да му кажат дека е позитивен.

Меѓутоа, денеска приватна клиника во целост ги демантира тврдењата на Габриел Бајрам.

Инаку таткото на Габриел, Амди Бајрам беше тестиран посмртно, откако во болницата „Жан Митрев“ бил донесен починат.

Две недели пред смртта, поранешниот пратеник Амди Бајрам во Истанбул правеше свадба за неговата внука со повеќе од 200 гости од Македонија.

Извор: slobodenpecat.mk

Можеби ќе ве интересира: