Скопјанката Соња Христовска е доброволка, која на Инфективната клиника во Скопје веќе му помага на персоналот, во лечењето на пациентите заразени со коронавирус, но и во битката за нивните животи. Се пријавила, бидејќи персоналот на клиниката бил исцрпен и работел со последните резерви.
Таа вечерва на својата фејсбук страница се обиде да ја објасни стресната атмосфера која владее на клиниката.
„Имам многу работи видено, но ова што се случува на Инфективно нема збор да се опише. Пациентите се борат за воздух… значи, за воздух. Човек умира на раце и моли за кислород“, напиша Соња Христовска.
Поврзани вести: