Сончево и многу топло со температура до 38 степени

veles-avgust-2021

Сончево и многу топло време – ваква е прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денешниот ден. Во текот на денот ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ-индексот ќе биде 9.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Утринската температура ќе биде од 12 до 20 Целзиусови степени, а во текот на денот од 29 до 38 степени.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Сончево и топло време со слаб северозападен ветер денеска ќе биде и во Велес. Температурата ќе биде од 19 Целзиусови степени наутро, до 38 степени во текот на денот.

Од УХМР информираат дека од денеска до недела нашето подрачје ќе биде под влијание на стабилна и многу топла воздушна маса од југ, која ќе предизвика сончево и натпросечно топло време за овој период од годината. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30, а на некои места ќе достигнуваат и 40 степени. 

Можеби ќе ве интересира: