Сообраќајот на магистралниот пат А3 Велес – Штип е нормализиран, соопштија од АМСМ, откако од 00:45 часот сообраќајот на магистралниот пат кај раскрсницата за село Милино, се одвиваше наизменично по една коловозна лента.
Содржината продолжува под рекламата
Во сообраќајката што се случи вчера на магистралниот пат А3 Штип-Велес загина 66 – годишениот В.П од Свети Николе. Тој им подлегнал на повредите во Општата болница во Велес каде беше хоспитализиран со уште две лица, неговата сопруга која е тешко повредена и 29 годишник од радовишко Супурге кој е учесник во несреќата од другото возило.
Содржината продолжува под рекламата
Несреќата се случила околу 18.20 часот, на магистралниот пат А3 Штип-Велес кај крстосницата за селата Каратманово и Милино, меѓу две возила „сузуки“ со светиниколски и „бмв“ со радовишки регистерски таблички.
Можеби ќе ве интересира: