Бројот на хоспитализирани пациенти во велешката болница во моментов е 87. Од нив, 73 имаат потврдени позитивни тестови, шест пациенти се сомнителни на вирусот, и осум имаат негативни брисеви, но се задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 40 пациент. На инфективното оддееление има 44 пациенти, на интерното одделение има пет пациенти на физикалнато одделение девет, во Модуларната болница се лекуваат 29 пациенти.
Во текот на вчерашниот ден е извршен еден транспорт на пациент на 65 годишна возраст во Ковид центарот-Козле.
Испишани се два пациенти како оздравени со по еден негативен тест за Ковид 19.
Можеби ќе ве интересира: