Се намалува притисокот врз ковид центарот во велешката болница. Веќе неколку дена бројката на хоспитализирани е иста, а и добра вест што нема нови смртни случаи како последица на вирусот
Бројот на хоспитализирани пациенти во велешката болница во моментов е 91. Од нив, 77 имаат потврдени позитивни тестови, осум пациенти се сомнителни на вирусот, и шест имаат негативни брисеви, но се задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 44 пациент. На инфективното оддееление има 46 пациенти, на интерното одделение има седум пациенти на физикалнато одделение девет, во Модуларната болница се лекуваат 29 пациенти.
Можеби ќе ве интересира: