ССМ повикува на обединување: Доста беше молк и предавства кон работниците

slobodan-trendafilov SSM

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, упати јавен повик за обединување на сите вистински синдикати и работници во заедничка борба против ниските плати, инфлацијата, лошите услови за работа и, како што вели, синдикалците кои ги предале интересите на работниците.

Трендафилов обвини дека лица блиски до КСС, во соработка со функционери, пратеници и директори, вршеле сериозни притисоци и закани врз работниците да се приклучат кон партиски синдикати. Преку уцени за работните места, фалсификувани документи и потписи, како и лажни пристапници, се обидувале да прикажат лажна поддршка. ССМ веќе добила докази за овие активности, вклучувајќи и мејл-комуникација.

Agria

ССМ директно ги посочува КСС и СОНК како одговорни за тоа што не се реализира зголемување на платите според Општиот колективен договор, и наместо 12,6%, работниците добиле само 7%. Трендафилов нагласи дека овие синдикати организирале коктели наместо протести, со што, според него, ги изиграле работниците и ги жртвувале нивните интереси за лична корист.

„Време е да се препознаат вистинските борци за работничките права“, порача Трендафилов, додавајќи дека само со заедништво може да се избори повисока минимална плата и достоинствени услови за сите. „Дојде моментот кога е јасно кој е со работниците, а кој против нив“, истакна тој во својата објава на Фејсбук.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: