Викендов стартуваат возбудувањата во Втората македонска фудбалска лига. Со осум натпревари во сабота ќе се крене завесата на сезоната 2024/25. Судиската комисија ги одреди арбитрите за натпреварите од првата рунда.
Содржината продолжува под рекламата
Судиска тројка од Скопје на чело со Александар Василевски ќе ја дели правдата на натпреварот помеѓу Борец 1919 и Башкими од Куманово. Филип Ицковски и Александар Николовски ќе му помагаат на Василевски.
Содржината продолжува под рекламата
Натпреварот ќе се одигра на Градскиот стадион „Зоран Паунов“ во Велес, со почеток од 17 часот, а од клубот ги повикуваат сите симпатизери на Борец да дојдат на стадион и да го бодрат нивниот миленик.
Можеби ќе ве интересира: