Во Австралија измерени неверојатни 50,7 Целзиусови степени

soncevo mnogu toplo

Во Австралија вчера е регистрираната рекордно висока температура, откако во градот Онслоу, на западниот брег беа измерени 50,7 степени Целзиусови.

Zito akcija 640x289px

Како што јави Би-Би-Си, со ова е израмнет рекордот од 1962 година, кога во јужниот дел на Австралија биле измерени 50,7 степени.

Agria

Локалната метеоролошка служба потврди дека Онслоу го израмнил рекордот во 14:26 часот по локално време. Просечната температура во градот во овој период од годината изнесува 36,5 Целзиусови степени.

Два други града, Марди и Роборн, пред два дена така пријавија температури од над 50 степени, изјави Лук Хантингтон од Службата.

Според метеоролозите, температурите денеска дополнително ќе растат, а во наредните денови се очекува температурите малку да опаднат.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/26747/uapsen-veleshanecz-koj-ja-napadnal-sopstvenata-sestra/