СВР Велес казни 99 граѓани за неносење маски

svr-veles-deli-maski-997x485

Полицијата казни педесет велешани за неносење маски во последното деноноќие. Тие треба да платат казна од 20 евра, но доколку тоа го сторат во рок од осум дена, казната се преполовува.

Zito akcija 640x289px

За истиот прекршок и во истиот период полицијата казни 28 кавадарчани, а во Неготино напиша уште 21 казна.

Agria

„Во период 22/23.06.2020 год. има 16 новорегистрирани лица со Решениe за изолација, и тоа, 13 во Велес и три во Неготино, а со Изјава за самоизолација има 26 нови лица, 25 во Велес и едно во Неготино. Вкупно со Решение во изолација има 141 лица, од кои 92 во Велес, 24 во Кавадарци и 25 во Неготино, а со Изјава за самоизолација има вкупно 127 лица, од нив 70 се во Велес, 45 во Кавадарци и 12 во Неготино“, велат од СВР Велес.

Полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација и констатирале дек сите ги почитувале овие мерки.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/6906/teshko-povreden-gradezhen-rabotnik/