Текстилна конфекција потенцијален кластер на ковид

albatros-konfekcija-2
albatros-konfekcija-2

Денес ќе се знае  дали вработените од светниколска „Мода“ ќе одат дома. Управниот одбор на оваа конфекција ги чека резултатите од приватното тестирање  на 210 вработени.  Од резултатите ќе зависи дали фабриката што има 730 вработени целосно или делумно привремено ќе се затвори.

Zito akcija 640x289px

Во моментот таму позитивни на вирусот се 13 работнички, 40 се во изолација. Менаџментот вели се одлчиле сами да го платат скринингот бидејќи преку државното тестирање на резултати се чека предолго.

Agria

„Два дена за да се закаже термин преку матичен лекар или поминуваат пет дена додека да се добијат резултатите од тестот. Ние не можеме да чекаме толку време. Ако е потребно ќе направиме уште еден скрининг на наш трошок за да ги преземеме вистинските мерки. Со вакво доцнење се загрозуваат сите што биле во контакт со заболените“, вели Ангел Димитров од „Мода“ АД- Свети Николе.

 Од општинсиот кризен штаб на Свети Николе  ги повикуваат надлежните инспекторати да направат вонредни контроли во фабриките и превозот на работниците во Штип и Свети Николе. Во моментот во оваа општина има 50 активни случаи. Очекуваат и препораки од државниот Кризен штаб.

„Поради новите случаи, повторно се активирани волонтерите за достава на неопходни прехрамбени продукти и лекови на лицата што се заболени и во самоизолација“, велат од Општинскиот кризен штаб на Свети Николе.

Во меѓувреме во источниот регион расте бројот на заразени од вирусот. На штипското инфективно се хоситализирани 47 лица, од кои десет се на кислородна подршка. Има пациенти од цел регион каде има активни случаи на вирусот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: