Манчестер Јунајтед со добра серија на резултати допатува на „Енфилд Роуд“ со цел, желба да го сруши големиот ривал во неговиот дом, но наместо тоа се случи сосема спротивното, дебакл, катастрофа од 7-0, резултат за историските читанки.
„Мислам дека игравме добро во првото полувреме, но направивме грешка во организација на одбраната пред паузата. Во второто полувреме не немаше на теренот. Нашата игра не беше како тим, не беше според нашите стандарди. Односот не беше професионален, јасно е дека сум многу лут.
По едно вакво издание сосема очекувано е да има критики од сите страни, а за тоа е свесен тренерот Ерик Тен Хаг кој беше првиот што ги подбра неговите избраници.
„Второто полувреме беше непрофесионално. Тоа не може да се случува и ние мора да зборуваме за тоа. Се работеше за целиот тим, видов дека 11 поединци кои ги губат главите. Ова не е Манчестер Јунајтед, имаме повеќе стандарди“, -рече Холанѓанецот и додаде:
„Изненаден сум затоа што во последните недели и месеци видов тим кој е отпорен и има став да победи. Во второто полувреме, воопшто немавме став да победиме. Не се држевме до планот и не успеавме во она што го планиравме“, заклучи Тен Хаг.
Јунајтед со овој пораз дефинитивно се збогуваше од трката за пехарот во ПЛ, а прва можност да го поправи впечатокот ќе има против Бетис на 9 март во дуелот од Лига Европа.
Можеби ќе ве интересира: