Нема новозаразени од коронавирус во Велес во изминатото денонќие. Охрабрувачки делува податокот дека имаме 17 оздравени пациенти, од кои двајца се од Велес.
Во последните 24 часа направени се 258 тестирања, а регистриран е 21 нов случај на ковид-19. Во Скопје се регистрирани 12 заразени, Тетово петмина, Куманово три случаи и Штип еден.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1999, бројката на оздравени пациенти е 1439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 447.
Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на ковид-19.