Тројца новозаразени велешани денеска

Infektivno Veles 997x485
Infektivno Veles 997x485

Тројца велешени се позитивни на коронавирус во последните 24 часа. Ова се први заразени граѓани, по пауза од неколку дена, кога во Велес немаше регистрирано новоинфицирани.

Zito akcija 640x289px

Во моментов во Велес активни се 38 случаи на заразени со Сарс ков-2 вирусот. Од нив, 24 се на домашно лекување, 13 се хоспитализирани во велешката болница, а еден велешанец, позитивен на коронавирус е на издржување затворска казна во затворот Идризово.

Agria

Во велешката болница се лекуваат 11 жители на Велес и четворица од Горно Јаболчиште. Од нив двајца се на кислородна поддршка, а останатите се во стабилна состојба.

Од почетокот на епидемијата, во Велес се регистрирани вкупно 201 заразен со коронавирус, од кои 150 оздравеа, а 13 починаа.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: