Tрошоците на животот во септември годинава во однос на септември лани се зголемени за 18.7, а индексот на цените на мало за 14.7 проценти. Во однос на август годинава, пак, трошоците на животот пораснале за 1.6, а цените на мало забележале пад од 0.1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Пораст на индексите на трошоците на животот во септември 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај сирењето и урдата за 9.9 %, свежото и разладеното овошје за 6.3 %, млекото за 5.7 %, рибата и морските плодови за 3.5 %, свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 3.1 %, пивото за 2.9 %, лебот и житата за 2.6 %, месото за 2.2 %, виното за 1.6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0.7 %, жестоките пијалаци за 0.6 % и шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.2 %.
Содржината продолжува под рекламата
Намалување на трошоците на животот во септември 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај маслото и маснотиите за 1.1 % и минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.6 %.
Во септември, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот има и кај воздухопловниот патнички транспорт за 34.0 %, туристичките аранжмани за 13.2 %, гасот за домаќинствата за 4.4 %, услугите за сместување за 3.8 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 2.9 %, електричните апарати за лична хигиена за 1.1 %, игрите, играчките и хобијата за 0.3 % и моторните возила за 0.2 %.
Можеби ќе ве интересира: