
Во рамките на четвртото коло од Првата ракометна лига Група А, ракометарите на Борец загубија убедливо од екипата на Аеродром со резултат 24 : 45.
Ракометарите на Борец беа рамноправни само на почетокот од натпреварот, за да квалитетот на Аеродромци дојде до израз и на полувреме веќе беше 13 :21.
Во вториот дел беше само рутинско одработување на натпреварот. Светла точка во екипата на Борец беше Кирил Миленков со постигнати 13 погодоци. Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Димитар Михајлов со девет, како и Климент Ефтимов и Иван Митревски со по шест погодоци.
Веќе утре се игра натпревар од петото коло, каде Борец ќе ги одмери силите со екипата на Риниа.
Можеби ќе ве интересира: