Коронавирусот зема уште една жртва. 82-годишна велешанка почина во велешката болница, како последица од компликации од ковид -19. Пациентката претходно пет дена се лекувала на инфективното одделение во оваа болница.
Во меѓувреме, се намалува бројот на хоспитализирани во велешката болница. Таму денеска од ковид-19 се лекуваат 21 пацинети, од кои 16 имаат потврдени позитивни тестови,еден е сомнителен, а четири имаат негативни тестови, но се задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се седум пациенти.
Од почетокот на пандемијата во Велес со коронавирус се заразија 2995 граѓани. Од нив, 2559 пациенти се излекуваа, починаа 103 граѓани, а 311 случаи се сеуште активни.
Можеби ќе ве интересира: