Општина Велес на својата официјална веб страна се пофали дека е првата македонска општина со Физибилити или Студија на изводливост за јавен градски превоз. Овој значаен документ кој ги утврдува постојните состојби и предлага решенија за развој на современ и ефикасен градски превоз е финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка, а спроведуван од Програмата за развој на Обединетите Нации УНДП.
Студијата во вкупна вредност од 100.000 долари ја изготви реномираната израелска консултантска куќа „Ром Транспорт“. Поддршката на СИДА изнесува 60% од проектот, а останатите 40% се обезбедени од буџетот на Општина Велес. Во текот на проектот проектниот тим имаше можност да ги види успешните примери од Израел и други земји кои обезбедуваат најсовремени услуги за јавен превоз за своите граѓани. Овој проект на Општина Велес беше одобрен во рамките на Фондот за техничка документација на СИДА и УНДП.
Содржината продолжува под рекламата
Проектот е успешно затворен со административното примопредавање на студијата. Физибилити студијата претставува основа за апликација на поголеми проекти за развој на јавниот превоз и во целост е интегрирана со Планот за одржлива урбана мобилност на Општина Велес и Стратегијата за развој на паметен град 2019-2030. Целта на студијата е да придонесе за обезбедување на квалитетни услуги за јавен превоз и да го зголеми бројот на граѓани кои користат јавен превоз во соработка со приватните превозници.
Mожеби ќе ве интересира: