
Службите на Граничната полициска станица Ќафасан, како резултат на континуираната размена на информации со Интерпол Тирана, при влез на територијата на Република Албанија, го уапсија П.Л.(38) жител на Велес, Северна Македонија.
Верификацијата покажа дека словенечките судски органи издале меѓународна потерница по ова лице за сторено кривично дело „кражба”, стои во полициското соопштение.
Албанските власти ја спроведуваат потребната постапка за негова екстрадиција во Словенија.
Можеби ќе ве интересира:
