Велешката полиција фати крадец кој 10 минути пред тоа ограбил автомобил

policija lisici
policija lisici

Полицијата го уапси 33-годишниот А.Л. од Велес само десет минути откако вчера ограбил возило на главната улица во градот. Кражбата се случила околу 16:50 минути, а десет минути подоцна, крадецот е фатен на улица „Благој Ѓорев“, јави полицијата.

Zito akcija 640x289px

„На 25.01.2022 во 17.00 часот на ул.„Благој Ѓорев“ во Велес од страна на полициски службеници од СВР Велес бил лишен од слобода А.Л.(33) од Велес. Тој се сомничи дека околу 16.50 часот извршил „тешка кражба“ од патничко моторно возило „тојота корола“, со велешки регистарски ознаки. А.Л. бил приведен во полициска станица“, рече Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

По документирање на случајот, против приведеното лице ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: