Полицијата вчера казни 75 велешани кои не носеле маски. За истиот прекршок во Кавадарци се изречени 14 казни, а во Неготино девет граѓани кои не носеле маски, ќе мора да платат глоба од 20, односно 10 евра.
„Во период 05./06.10.2020 год. за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита казнети сe 98 лица, и тоа, 75 во Велес, 14 во Кавадарци и девет во Неготино.“, соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Казните се изрекуваат според член 6 став 1 од Уредбата за носење на лична заштита на лицето.
Можеби ќе ве интересира: